ѕенѕа
ѕенѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 31214
1.
Доведе некого или нешто во зачестени ритмички, кратки движења напред-назад, горе-долу, од една на друга страна.
Примери:
Мајката непрекинато го ѕенѕаше детето в раце.
2.
(се ѕенѕа) Се клацка, се ниша (при движење, одење, возење).
Примери:
Пејачката се ѕенѕаше на сцената.
Детето весело се ѕенѕаше на вратата.
Сè се ѕенѕаше во автобусот од раскопаниот пат.
3.
Работи полека, пипаво.
Примери:
Ајде побрзај, не ѕенѕај!
Изведенки
ѕенѕање ср.
глаг. им.
глаг. им.