ѕирка
ѕиркаат; ѕиркал, ѕиркаше
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3764
1.
Гледа низ мал отвор.
Примери:
Децата ѕиркаа во собата низ клучалката.
2.
Погледнува краткотрајно; погледнува скришум, од љубопитство.
Примери:
Детето ѕирка од постелата како глувче.
Жените ѕиркаа низ прозорците.
3.
Се појавvва нешто во мал степен од некаде, од нешто.
Примери:
Од чорапите ѕиркаа две прстиња.
Од косата му ѕиркаа сламки.
Митралезите ѕиркаа над рововите.
Од небото ѕиркаше сонцето.
Изрази
Ѕирка во туѓ џеб - се интересира многу, многу е љубопитен за туѓи пари.
Изведенки
ѕиркање ср.
глаг. им.
глаг. им.