а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јаглен

зб. мн. јаглење
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5510
1. Согорлива материја од растително потекло, во цврста состојба што се ископува од земјата; камен јаглен.
Англиски: coal Албански: thëngjill
Употреба: Геологија
Примери:
Наоѓалиште на јаглен.
2. Несогорени парчиња дрво, добиени при согорување без доволно присуство на воздух; дрвен јаглен.
Англиски: coal Албански: qymyr
Примери:
Донесов јаглен за скарата.
Со парче јаглен cи го напиша името на ѕидот.
Изведенки
јагленче ср.
мн. јагленчиња
дем.