а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јаже

мн. јажиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2509
Производ од усукани или плетени влакна од коноп или од друг материјал што може да се усукува, со голема должина, со различна дебелина, релативно еластичен.
Англиски: rope Српски: уже Албански: litar Бугарски: въже
Примери:
бродски јажиња
скала од јажиња
Скока на јаже.
Изрази
Во куќата на обесениот не се зборува за јажиња - треба да се внимава што се зборува.
Му го затега јажето - му ја ограничува слободата.
Му го затега јажето - остава некого без избор.
Игра на јаже - се наоѓа во опасна ситуација.
Игра на јаже - ризикува.
Оди како пес на јаже - слепо следи некого.
Си го става јажето на врат - се изложува себеси на ризик.
Ќе виси на јаже - ќе го обесат.
Изведенки
јаженце ср.
мн. јаженца
дем.