јазол
мн. јазли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4596
1.
Тоа што се добива кога ќе се заврзе или ќе се сплетка јаже, конец, жица и сл.
Примери:
Конецот се врза во јазол.
троен морнарски јазол
двоен рибарски јазол
Слично со:
врзулец (м.)
2.
Место каде што се вкрстуваат повеќе сообраќајници или се преплетуваат разни линии, делови од сложени градби и системи.
Примери:
железнички јазол
сообраќаен јазол
санитарен јазол
Слично со:
клучка (ж.)
3.
Задебелување на некој орган формирано од натрупување на одреден тип клетки.
Примери:
лимфни јазли
нервен јазол
туберкулозни јазли
Изрази
Гордиев јазол - многу сложен, тешко решлив проблем.
Изведенки
1.
јазле ср.
мн. јазлиња
дем.
мн. јазлиња
дем.
2.
јазленце ср.
мн. јазленца
дем.
мн. јазленца
дем.
3.
јазолче ср.
мн. јазолчиња
дем.
Пример: јазолче на дојката или градите
мн. јазолчиња
дем.
Пример: јазолче на дојката или градите
4.
јазлиште ср.
мн. јазлишта
аугм.
мн. јазлишта
аугм.