а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јамка

мн. јамки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5751
Заврзан крај од јаже или жица со кој може нешто да се стегне.
Англиски: snare, loop
Примери:
Му требаа јамки за коњите.
Децата правеа јамки и фаќаа врапци.
На дрвото висеше змија како јамка од бесилка.
Изрази
Му виси јамката над вратот - се наоѓа во голема опасност.
Му ја врза јамката околу вратот - го доведе во безизлезна ситуација.