јајце
мн. јајца
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1190
1.
Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам.
Примери:
Јајчниците содржат ограничен број јајца.
Слично со:
клетка (ж.)
2.
Расплодна клетка кај птиците, влекачите и водоземците, со големи димензии, со овална форма и цврста лушпа.
Примери:
Несе јајца.
кокошкино јајце
змиско јајце
3.
Кај инсектите и рибите, полова клетка во вид на зрно со различни димензии.
Примери:
рибини јајца
мравји јајца
Слично со:
икра (ж.)
4.
Обично од кокошка, како храна.
Примери:
варено јајце
јајце на око
изматено јајце
Изрази
Во јајцето влакно бара - ситничар е.
Гази како на јајца - оди внимателно, на прсти.
Гајгурови јајца ќе добие - ништо нема да добие.
(ирон.) Големи јајца - нешто безначајно.
Го чува како велигденско/црвено јајце - многу се грижи за некого.
И јајце ќе снесе - ќе направи сѐ за да ја постигне целта.
Квачи јајца - ништо не работи.
(книж.) Колумбово јајце - смело, остроумно решение на тежок проблем.
Кукавичино јајце - туѓ проблем наметнат некому.
Му дојде јајцето на газот - крајно време е некој да направи нешто.
На јајцето уште коко му вика - уште е млад и неискусен.
Си личат како јајце на јајце - многу се слични.
Удри јајца на масло - почна да троши многу.
Изведенки
јајценце ср.
мн. јајценца
дем.
мн. јајценца
дем.