ќе
Вид збор: Честичка
Ранг: 7
1.
За образување идно време - за сите родови.
Таму вечер ќе ноќуваме.
2.
За минато-идно време.
Се збираа, ќе одеа в град.
Како да речеше Ефта, тие пак ќе одеа.
Кога ја виде Петко, ќе паднеше во несвест.
Отиде на мостот, каде што ќе поминеше брат му, и седна да чека.
Младичот, кој не ќе имаше повеќе од шеснаесет години, фати збунето да го бара.
Само одвреме-навреме ќе пукнеше по некоја пушка долу.
3.
За идно прекажано време.
Детето ми кажа дека утре ќе ни дојдел учителот на гости.
4.
Со свршени глаголи во темпорални реченици.
Викни ме, кога ќе дојде тој.
Штом ќе разбереш, јави ми веднаш.