а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ќе

Вид збор: Честичка
Ранг: 7
1. За образување идно време - за сите родови.
Примери:
Таму вечер ќе ноќуваме.
2. За минато-идно време.
Примери:
Се збираа, ќе одеа в град.
Како да речеше Ефта, тие пак ќе одеа.
Кога ја виде Петко, ќе паднеше во несвест.
Отиде на мостот, каде што ќе поминеше брат му, и седна да чека.
Младичот, кој не ќе имаше повеќе од шеснаесет години, фати збунето да го бара.
Само одвреме-навреме ќе пукнеше по некоја пушка долу.
3. За идно прекажано време.
Примери:
Детето ми кажа дека утре ќе ни дојдел учителот на гости.
4. Со свршени глаголи во темпорални реченици.
Примери:
Викни ме, кога ќе дојде тој.
Штом ќе разбереш, јави ми веднаш.