Екологија - категорија

биодиверзитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мноштво и разноликост на биолошките форми.
Англиски: biodiversity

биомаса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Маса создадена од живи организми во одреден локалитет.
Англиски: biomass
Примери:
Биомасата може да се употребува за производство на топлина, горива, и струја.

биоразградлив повеќе

Види и: разградлив (прид.)
биоразградливи
Вид збор: Придавка
Што може да се разгради на биолошки, природен пат.
Англиски: biodegradable
Примери:
биоразградливи ќесиња

биосфера повеќе

(едн.) биосферата
Вид збор: Именка, женски род
Целокупниот простор на Земјата и на атмосферата населен со живи организми.
Англиски: biosphere

биотоп повеќе

мн. биотопи
Вид збор: Именка, машки род
Севкупен биолошки простор.
Англиски: biotope
Примери:
Борот е вештачки биотоп и сѐ додека тој не воспостави рамнотежа со природата, боровиот четник ќе биде присутен и ќе прави штета.

бранач повеќе

Види и: бранител (м.)
мн. браначи
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што е забрането сечење дрвја.
Албански: vend i ndaluar për prerje drunjë

буниште повеќе

мн. буништа
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се исфрла гнојот, ѓубрето од шталата.
Англиски: dump
Примери:
Ја рине пондилата, го изнесува гнојот на буниште, им дроби зелје на свињите.

бурјаниште повеќе

мн. бурјаништа
Вид збор: Именка, среден род
Земја зарасната во бурјан.
Албански: qingërishte
Примери:
Го прегази џадето, го помина и бурјаништето, стаса до беловицата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш