мн. габраци
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со габрови дрвја.
Примери:
Се слушаа птици од габракот.
Вид збор: Именка, женски род
Наука за топлинска енергија поврзано со Земјата.
Вид збор: Именка, машки род
Оголено место од сеча на шума.
Примери:
На многу места на Јабланица има голосек, а највоочливо е помеѓу селата Вишни и Горна Белица каде е исечена голема површина шума.
мн. гори
Вид збор: Именка, женски род
Место обраснато со дрвја.
Англиски:
forest
Српски:
шума
Албански:
pyll
Бугарски:
гора
Грчки:
δάσος
Примери:
јаворова гора
мн. горешници
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Деновите помеѓу 30-ти јули и 5-ти август кои се сметаат за најтопли.
мн. горештини
Вид збор: Именка, женски род
Врелина, жештина, висока температура на воздухот.
Примери:
летна горештина
мн. густежи
Вид збор: Именка, машки род
густа шума
Примери:
Се слушна некој шум од блискиот густеж.