Екологија - категорија

забел повеќе

мн. забели
Вид збор: Именка, машки род
Шума во која е забрането да се влегува (да се пасе добиток, да се лови), обележана со забелување на стеблата.
Англиски: reserve
Примери:
Зад потокот имаше дабов забел.

забран повеќе

Види и: забел (м.)
мн. забрани
Вид збор: Именка, машки род
забел

загаден повеќе

Види и: загади (св.)
загадени
Вид збор: Придавка
Што не е чист, што содржи штетни, опасни материи за здравјето.
Англиски: polluted
Примери:
Тешките метали од загадената почва во овој крај се пренесуваат директно на земјоделските култури.

загади повеќе

загадат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде штетно, опасно за употреба.
Англиски: pollute Албански: ndot
Примери:
Го загадија бунарот.

загадување повеќе

Види и: загади (св.)
мн. загадувања
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) загади
Англиски: pollution

загадувач повеќе

мн. загадувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој или тоа што загадува.
Англиски: polluter Албански: fëlliq
Примери:
Човекот е најголемиот загадувач на животната средина.
Фабрика или друг објект што ја загадува околината.
Англиски: polluter Албански: fëlliq
Примери:
ОХИС е најголем загадувач во овој реон.
Хемиско соединение што предизвикува загадување.
Англиски: polluter Албански: ndot
Примери:
Фосфатите, како составен дел од сите детергенти, тешко се разградуваат и затоа се најголеми загадувачи на природата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш