Општество - категорија

капа повеќе

мн. капи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото.
Англиски: cap Албански: kapelë
Примери:
капа со козирка

карактерологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува карактерите на поединци и групи.
Англиски: characterology
Примери:
Сите македонистички институти во светот ја забележуваат драматичната промена во карактерологијата на македонскиот човек.

квир повеќе

мн. квирови
Вид збор: Именка, машки род
Општ поим за лице чиј полов идентитет или сексуална ориентација не се совпаѓа со хетеросексуалните норми.
Англиски: queer
Примери:
Кога имам намера исказите да ми се однесуваат на геј- луѓето во целина, односно на лезбијките и на геј- мажите или, поопшто, на настраните (квировите), си го прилагодувам изразот).

култура повеќе

мн. култури
Вид збор: Именка, женски род
Севкупност на духовни и материјални вредности на човештвото.
Латински: Culture Англиски: culture Албански: kulturë
Примери:
духовна култура
а - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - џ