култура
мн. култури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 401
1.
Севкупност на духовни и материјални вредности на човештвото.
Примери:
духовна култура
материјална култура
2.
Степен и специфичности на развојот во духовната и материјалната сфера во определена епоха или на еден народ.
Примери:
древни култури
средновековна култура
византиска култура
османлиска култура
национална култура
3.
Ниво, ширина во развојот на една заедница и на поединецот во определена област од животот.
Примери:
општа култура
сообраќајна култура
музичка култура
јазична култура
култура на однесување
култура на исхрана