Општество - категорија

сад повеќе

мн. садови
Вид збор: Именка, машки род
посатка
Англиски: bowl Албански: enë
Примери:
Немаа никакви садови.

самоглавник повеќе

мн. самоглавници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што останал наполно сам, без жена и деца.
Англиски: single

самокуќник повеќе

мн. самокуќници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што останал сам, без жена и деца.
Англиски: single

сводник повеќе

мн. сводници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што уредува љубовни врски меѓу мажи и жени со користољубива цел, за пари.
Англиски: pimp Албански: mbles

сводница повеќе

Види и: сводник (м.)
мн. сводници
Вид збор: Именка, женски род
жена сводник
Англиски: matchmaker

скаут повеќе

мн. скаути
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на скаутската организација.
Англиски: scout

скороевец повеќе

мн. скороевци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што скоро се пробил во вишиот слој на општеството или брзо достигнал висока положба.
Англиски: nouveau riche
Примери:
Низ серија цртежи ги исмејува скороевците и новите богаташи.

сопруг повеќе

мн. сопрузи
Вид збор: Именка, машки род
(само мн. сопрузи) Маж и жена сврзани со брак.
Англиски: married couple Албански: bashkëshortë
Примери:
Сопрузите добро си живееја.

социјала повеќе

(едн.) социјалата
Вид збор: Именка, женски род
Општествен слој на работ на егзистенцијата.
Албански: sociale

списание повеќе

мн. списанија
Вид збор: Именка, среден род
Повремено издание со повеќе соработници.
Англиски: magazine Албански: revistë
Примери:
Списание за општествени прашања.

стрејт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
хетеросексуалец
Англиски: straight

супкултура повеќе

мн. супкултури
Вид збор: Именка, женски род
Збир на вредности и норми на однесување кои разликуваат една група од културата на пошироката заедница во која припаѓаат.
Англиски: subculture
а - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - џ