Спорт - категорија

игра повеќе

мн. игри
Вид збор: Именка, женски род
Активност заради забава и разонода.
Англиски: play Албански: lojë
Примери:
Детска игра - криенка.
Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време.
Англиски: competition Албански: garë
Примери:
олимписки игри

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со одредена спортска дисциплина; учествува во спортски натпревар, има одредена улога во однос на другите натпреварувачи.
Англиски: play Албански: luan
Примери:
Тој игра кошарка во најдобриот клуб.

игралиште повеќе

мн. игралишта
Вид збор: Именка, среден род
Место за играње; обично отворен простор уреден за спортски игри, натпревари или за детски игри.
Англиски: sports ground
Примери:
фудбалско игралиште

играч повеќе

мн. играчи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што игра, што учествува во некаква игра (детска, спортска, хазардна).
Англиски: player Албански: lojtar
Примери:
Публиката го поздрави новиот играч.
Спортист, член на екипа во спортски натпревар.
Англиски: player Албански: lojtar
Примери:
Играчи на спортски екипи.

издрибла повеќе

Види и: дрибла (несв.)
издриблаат
Вид збор: Глагол, свршен
надигра

израмни повеќе

израмнат
Вид збор: Глагол, свршен
изедначи
Англиски: equalize Албански: barazoj
Примери:
Пред крајот на играта со „Брегалница“, нашиот тим го израмни резултатот.

исплива повеќе

Види и: плива (несв.)
испливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Преплива нешто.
Англиски: swim Албански: notoj
Примери:
Денес испливав три километри.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш