Спорт - категорија

обори повеќе

оборат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине досегашен резултат, рекорд.
Англиски: bring down Албански: rrëzoj
Примери:
Пливачите оборија неколку државни рекорди.

обрач повеќе

мн. обрачи
Вид збор: Именка, машки род
Свиткано железо во форма на круг што е поставено на кошаркарската табла.
Англиски: rim Албански: rreth
Примери:
Топката го удри обрачот.

одбојка повеќе

( едн.) одбојката
Вид збор: Именка, женски род
Вид спортска игра во која играчите ја одбиваат топката со раце и ја префрлаат преку мрежата.
Англиски: volleyball

одбојкарски повеќе

одбојкарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на одбојка и на одбојкар.
Примери:
одбојкарски турнир, одбојкарски дресови

одбрана повеќе

(едн.) одбраната
Вид збор: Именка, женски род
Дел од екипа, играчи што го одбиваат нападот на противничката страна.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Примери:
Одбраната потфрли во текот на натпреварот.
Начин, систем на шаховско отворање во зависност од играта за која се одлучува играчот со црни фигури.
Англиски: defense Албански: mbrojtje

одбрани повеќе

одбранат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачува прво место, титула од претходниот период.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Фудбалерите на Вардар ја одбранија шампионската титула.

одигра повеќе

одиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши игра, натпревар.
Англиски: play Албански: luaj
Примери:
Одиграа една партија шах.

одраз повеќе

мн. одрази
Вид збор: Именка, машки род
Резултат, последица, реакција од нешто.
Англиски: result Албански: efekt
Примери:
Тоа наше примитивно однесување кон природата, таа наша неодговорност, е одраз на нашата ниска култура, одраз на нашата неизградена свест.
Движење со потиснување на стапалата на земја при скок.
Англиски: take-off Албански: kërcim
Примери:
Гимнастичарот имаше лош одраз, за малку не се повреди.

олимпијада повеќе

мн. олимпијади
Вид збор: Именка, женски род
Меѓународни спортски натпревари што се одржуваат на секои четири години во различни земји.
Англиски: Olympics Албански: Olimpiada

олимписки повеќе

олимпискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на олимпијада.
Англиски: olympic
Примери:
олимписки медал

осмерец повеќе

мн. осмерци
Вид збор: Именка, машки род
Чамец со осум веслачи.
Англиски: eight Албански: barkö me tet lundrues

офсајд повеќе

мн. офсајди
Вид збор: Именка, машки род
Недозволена положба на играч во фудбал, хокеј и др. кога очекува топка, а нема пред себе ниеден противнички играч освен голманот.
Англиски: offside
Примери:
Напаѓачкиот играч беше во офсајд.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш