Спорт - категорија

бадминтон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спортска игра слична на тенис, која се игра со топче и рекети.
Англиски: badminton

базен повеќе

мн. базени
Вид збор: Именка, машки род
Вештачки издлабен простор наполнет со вода (отворен или затворен) и (обично) наменет за капење.
Англиски: pool Албански: pishinë
Примери:
пливачки базен

балканијада повеќе

мн. балканијади
Вид збор: Именка, женски род
Спортски натпревари на претставници од балканските народи.
Примери:
На оваа балканијада Македонија го освои првото место.

бантам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пониска класа по тежина на противниците.
Англиски: bantam
Примери:
бантам категорија

банџи повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Скокање од високо место со нозете врзани со еластично јаже.
Англиски: bungee
Примери:
Велат дека штом еднаш се изведе банџи-скок, тоа мора пак да се повтори.

бараж повеќе

мн. баражи
Вид збор: Именка, машки род
Решавачки натпревар или серија од натпревари.
Англиски: qualifying game Албански: kualifikim

басен повеќе

мн. басени
Вид збор: Именка, машки род
Вештачки издлабен простор наполнет со вода (отворен или затворен) и (обично) наменет за капење.
Англиски: pool Албански: pishinë

баскет повеќе

мн. баскети
Вид збор: Именка, машки род
топка за кошарка
Англиски: basket Албански: basket-top
кошарка на еден кош
Англиски: basket Албански: basket-lojë

бејзбол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спортска игра со дрвени палки мала топка, меѓу два тима со по девет играчи.
Англиски: baseball

бек повеќе

мн. бекови
Вид збор: Именка, машки род
Позиција на играч во некои екипни спортови.
Англиски: fullback
Примери:
лев бек

бекхенд повеќе

мн. бекхенди
Вид збор: Именка, машки род
Удар во тенисот со надворешниот дел од раката.
Англиски: backhand
Примери:
Тоа беше неодбранлив бекхенд.

биатлон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Зимска олимписка дисциплина со натпревар во две различни дисциплини (скијање на долги растојанија и стрелање со пушка).
Англиски: biathlon

бие повеќе

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира, шутира топка.
Англиски: shoot Албански: godas
Примери:
Играчот биеше во голот на противникот.

блок повеќе

мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Жив ѕид на играчи што ја спречува акцијата на противникот.
Англиски: block Албански: bllok, pengesë

боб повеќе

мн. бобови
Вид збор: Именка, машки род
Санка за лизгање со повеќе места со два пара лизгалки од кои предниот е подвижен и служи за управување.
Англиски: bob Албански: sajë, bob
Примери:
Лизгањето со боб е олимписки спорт.

бод повеќе

мн. бодови
Вид збор: Именка, машки род
Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување.
Англиски: point Албански: pikë
Примери:
Нашата екипа освои два бода.

бодибилдер повеќе

мн. бодибилдери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што вежба, се занимава со бодибилдинг.
Англиски: bodybuilder

бодибилдинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Систем од вежби со тегови и други помагала и справи за зголемување на мускулната маса, за обликување на телото.
Англиски: bodybuilding

бокс повеќе

мн. боксови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Борба со тупаници меѓу двајца противници во ринг, со специјални ракавици и со определени правила.
Англиски: box Албански: boksim
Примери:
Пред војната тој се занимавал со бокс.
Удар со тупаница.
Англиски: box Албански: boks
Примери:
Му удри еден бокс.

боксер повеќе

мн. боксери
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се занимава со бокс.
Англиски: boxer

боксерски повеќе

Види и: боксер (м.)
боксерска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бокс или боксер.
Англиски: boxing
Примери:
боксерска ракавица, боксерска вреќа

боксира повеќе

Види и: боксува (несв.)
боксираат
Вид збор: Глагол, несвршен
боксува
Англиски: box

боксува повеќе

боксуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со бокс.
Англиски: box Албански: boks
Примери:
Тој боксува веќе десет години.
(се боксува) Учествува во боксерска борба со некого.
Албански: merr pjesë në boks
Примери:
Вие двајцата ќе се боксувате еден со друг.

борач повеќе

мн. борачи
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се занимава со борење.
Англиски: wrestler
Примери:
Борач во грчко-римски стил.

борачки повеќе

борачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на борач.
Англиски: wrestling
Примери:
Борачки спорт.

борење повеќе

мн. борења
Вид збор: Именка, среден род
Борба на двајца противници заради совладување со физичка сила.
Англиски: wrestling
Примери:
Натпреварот во борење ќе се одржи идната недела.

бори повеќе

(се) борат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг.
Англиски: wrestle Албански: luftoj, kacafytem
Примери:
Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење.

борилиште повеќе

мн. борилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се одвива борба, борење.
Англиски: ring
Примери:
Борилшитето беше преполно со луѓе.

брани повеќе

бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во одбраната, на голот како голман.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
На вчерашниот натпревар бранеше новиот голман.

брејк повеќе

мн. брејкови
Вид збор: Именка, машки род
(тенис) Освоен гем на сервис на противникот.
Англиски: break
Примери:
Шпанецот можеше да се спаси во понатамошниот тек на играта, но Ѓоковиќ спаси две брејк топки и го освои сетот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш