сусам

(едн.) сусамот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 22099
1. Ориентално (растение и плод); служи за исхрана и за добивање на мрсно и слатко масло слично на бадемовото масло.
Латински: Sesamum Англиски: sesame Турски: susam Албански: susam
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Примери:
Масло од сусам.
2. Семето (плодот) од тоа растение.
Англиски: sesame
Употреба: Гастрономија
Примери:
Сусам за колачи.