борба

мн. борби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 389
1. Упорно дејствување, умствен и физички напор за совладување на некакви пречки, за постигање определена цел.
Англиски: struggle Албански: luftë
Примери:
Борба за мир.
Борба за рамноправност.
Борба за зголемување на производството.
Борба со природната стихија.
Политичка борба.
2. Судир, ривалство, натпревар меѓу противници за постигање победа, надмоќ, првенство.
Англиски: fight Албански: ndeshje
Примери:
Борба на пеливани.
Борба со бикови.
Гладијаторска борба.
Тоа е борба за доминација на светскиот пазар.
3. Вооружен судир меѓу две воени единици или војски.
Латински: betejë Англиски: battle, combat
Употреба: Воен термин
Примери:
Борба гради со гради.
Изрази
Борба на живот и смрт - борба до последната можност.
Борба за (гол) живот - напор, работа за опстанок, за одржување на животот.