демиург

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 37122
1. Според филозофијата на Платон и на питагорејците, творец и двигател на универзумот.
Англиски: demiurge Грчки: δημιουργός
Употреба: Филозофија
Примери:
Гностицизмот прави разлика помеѓу највисокиот, несознаен Бог и демиургот, креаторот на материјалниот свет.
Во поедините учења, творечкиот чин се врши поаѓајќи од некоја можност за подредување на битието, која му е отстапена на демиургот од вечноста.
2. творец, создавач, уметник, автор
Англиски: demiurge Грчки: δημιουργός
Употреба: Преносно значење
Изведенки
демиуршки прид.
демиуршкиот