вооружи
вооружат; вооружи, вооружете; вооружив, вооружија; вооружил; вооружен; вооружев, вооружеа; вооружел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15508
Снабди, засили некого (со определени средства, знаење) заради извршување определена дејност.
Примери:
Техниката го вооружи човекот со најразлични средства.
Курсот по методика на наставата треба да ги вооружи идните наставници со практични знаења.