Австрија име.

Австрија (име.)

Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Возможен е дележот на Македонија помеѓу малите државички или окупирањето на Македонија од Австрија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај се чуло или видело, дури и во големи семејства, девојка да замине да студира во туѓина, дури во Италија или во Австрија, во Букурешт или во Цариград, кај што можеа да одат само момчињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За една година тој ги избркал Австријците од Италија, биле заробени многу илјади затвореници, десет илјади луѓе биле убиени или ранети, биле запленети педесет и пет парчиња топови, а богатите провинции ги ограбил за да ја збогати Франција.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Штом ќе се мине во Австрија, Алпите веќе се покажуваат како на дланка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се сметав себеси интелектуално за Германец, сѐ додека не го забележав раснењето на антисемитските предрасуди во Германија и германска Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во оваа пригода тој импровизирал на темата од австриската национална химна, неодамна компонирана од Хајдн, добро позната во оваа земја преку нејзиното вметнување во Химналот на Протестантската епископална црква, под наслов „Австрија“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им благодарам на д-р Волфганг Суцл од катедрата за Мировни студии при Универзитетот Инсбрук во Австрија и Арон Леви, куратор на павилјонот на САД на Венециското биенале на архитектура 2008 и професор на Факултетот за уметност при Универзитетот Пенсилванија во САД, за нивната концептуалната поддршка при работата на текстовите во оваа книга, од рафинирањето на првичните идеи до нивните информативни коментари во разните фази на работа врз текстот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во јануари 1767 со специјално султанско ираде.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1684 Австрија, Полска и Венецијанската Република ја формирале Светата Лига која ја продолжила борбата против Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во меѓувреме траеше Големата Војна, и не можеше да се патува, а и по нејзиното завршување железничките пруги меѓу Австрија и Германија беа прекинати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Русија можеше тие поводи да ги исползува ако имаше намера да спроведе реформи и слично. Исто е и со Австрија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Австрија прва ја почувствувала железната рака на Наполеон.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ја прегази, речиси, целата Хрватска, го опсади и презеде Сигет од Зрински и допре до престолнината на Австрија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како врховен противник на империјализмот, за каков што го сметале во тоа време, младиот Корзиканец ги насочил своите најмоќни напори особено против Австрија.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Повеќе