Пацифик (м.)
Плажите покрај Пацификот се толку долги и широки што никој не се прашува ќе има ли место за неговиот пешкир.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе го земам вашиот свет, ќе ги испразнам водите, ќе ги ставам планините на нивно место, Еверест во Пацифик, ќе го стуткам заедно со сета флора, фауна, народи и народности и ќе го отфрлам меѓу два прста како мрсул.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Татко ми и мајка ми, која го следеше во животот како сенка, подгрбавена сенка од работа и од послушност, беа погребани на гробиштата Фицрој, спроти водите на големиот Пацифик, како не многу заслужни, но трудољубиви новодојденци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Океанија е заштитена со широчините на Атлантикот и на Пацификот, а Истазија - со плодноста и трудољубивоста на нејзиното население.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби сонуваше за неговата војна на Пацификот, за кибер мините што ги открил, нежно навирајќи во сложените кола со СИПА-та што ја употреби да ја открие патетичната лозинка на Ралфи од чипот закопан во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За жал, поради поголемата ефективност во американските дипломатски работи во регионот, своите најспособни службеници во Министерството Стејт департментот ги пратил на најкритичните места во Западна Европа и на Пацификот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Лутиот и матен Пацифик не мириса на охридските плажи.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)