авион м.

авион (м.)

Дали нѐ горат со запаливи авионски бомби или со артилериски гранати?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе помислат дека во авионот експлодирала бомба останата од порано.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Авионите како молња се спуштија ниско над колоната и почнаа да стрелаат по неа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вратиме околу авионот и не знаеме со што да се зафатиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Авионот отиде до некаде и пак се врати над мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од изгревот до заодот денот чмаеше под сенката на авионите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едното слегување од авионот и легнала да го раѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повратната спрега може исто така да овозможи врска со некој актуелен авион, така што кога пилотот управува со палката вистинските авионски мотори се вклучуваат или вистинското оружје стрела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едо никогаш не можеше или не сакаше да сфати зошто некој авион би морал да полетува пред осум изутрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој се сеќаваше на авионите од своето најрано детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И како што му викавме на пилотот на спортскиот авион што кружеше над градот: пушти чичко летки!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И тогаш топовите и минофрлачите го дотолчуваат тоа што не успеаја да го столчат авионите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утредента уште в зори се собравме крај авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Останавме додека ливадата не поцрне како и авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе