агрегатен (прид.)
Не успева социјализам во олку студена земја, велат, којзнае во каква агрегатна состојба ќе се претвори.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Копнеж и вотка со мраз, љубов во сите агрегатни состојби. ***
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ќе ги менува сите облици и агрегатни состојби, но пак ќе биде Љубов..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Чудно, сѐ е толку чудно. Зошто материјата толку брзо ја менува агрегатната состојба?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)