асфалтиран прид.

асфалтиран (прид.)

Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кружиме возејќи по асфалтираните улици, восхитени гледаме на новите куќи и дворовите со мноштво расцутено цвеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лево од широката асфалтирана улица, пред старата полуотворена дрвена порта опкована со железни клинци и разјадена од времето, на подгниениот праг, седи посивен маж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Надвор од градот, во широката рамница завршува асфалтираната улица и знак дека патот е во градба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Асфалтирани насмевки Само неколку зборови нè делат од молкот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Денес, можеби, тој е единствениот град во Германија (седиште на покраинита) во кој среде град, покрај асфалтираните улици, се шират во недоглед многу лозја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимназија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, полициска станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)