атар (м.)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште долго ќе сакаш да бидеш
со нив
во кругот
ќе сакаш залудно
и ќе се прашуваш:
што во бесконечноста
што во атарот на загубата?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Цели три дена од последната недела, по посетата на онаа таткова нива во Далјани, ги превртував сите камења во атарот на Маказар, како мечка што превртува белутраци барајќи мравки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)