аџаба (сврз.)
— Пропадна, значи, секаде работата? — Пропадна! Пропадна ами не! Со гола рака се фаќала, аџаба, змија?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аџаба така некој огин да горе низ селото или некој далечен огин да си гледал...?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Велиш да платит нешто селото. Аџаба ќе кандисат селото да платит?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Што ќе бидат оние луѓе, аџаба? — му се испушти од грлото, а вилиците веќе му се затресоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу се почудил царот и рекол: - Чија је, аџаба, оваа работа?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)