банкарство ср.

банкарство (ср.)

Се определив за банкарство и отворив акционерска банка во Куманово.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа почетна точка би можела да се помести на уште подоцнежен термин, зашто дури кризата од 1900 година џиновски го забрза процесот на концентрацијата и во индустријата и во банкарството, го зацврсти тој процес, ги претвори прв пат односите со индустријата во вистински монопол на крупните банки, ги направи тие односи значително потесни и поинтензивни“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Истородни установи, само во малку поинаква форма, среќаваме во француското банкарство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Не може да се очекува дека најновото движење за концентрација ќе се ограничи само на банкарството.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Еве, какви заклучоци им наметнува тој ток на развиток на специјалистите за банкарство, кои гледаат на економските прашања од гледиштето кое никако не ги минува рамките на најумерено и најакуратно буржоаско реформаторство: „Другите банки ќе тргнат по истиот пат“ – пишуваше германското списание „Банка“ по повод зголемувањето на капиталот на „Дисконтното друштво“ на 300 милиони – „и од 300 луѓе кои денес економски ја управуваат Германија со време ќе останат 50,25 или уште помалку.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но факт е дека дури и буржоаската литература што се занимава со германското банкарство постојано мора да оди далеку преку границите на чисто банковните операции и да пишува, на пр., за „привлечноста на банките“ по повод сѐ почестите случаи државните чиновници да преминуваат на служба во банките:
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Банкарството стои на чело на тој развиток“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Секоја банка е берза’ – тој современ термин содржи до толку повеќе вистина до колку е банката покрупна, до колку повеќе напредува концентрацијата во банкарството“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)