безистен м.

безистен (м.)

Тој безистен личеше на малечка тврдина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штета што нема безистен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш се најде во безистенот, среде чаршијата и сосем заборави на сѐ, зашто такво нешто дотогаш не беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тоа ги притегна и една друга несреќа:на празникот на новата Месечева година, 823-та, ајдути ги обраа нивните магази во бизистенот во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во право си, пријателе Камилски, Книгата на патувањата на Челебија ни го враќа од митската меморија на Скопје изгубениот XVII век, ни ја опишува истава чаршија низ која чекориме, маалата кои опстанале во остатоци, тврдината Кале, Безистенот, Камениот мост, џамиите, амамите, приспособени на денешни потреби...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ама нели татко му беше веќе одамна застанат на нозе, што се вели, и бидеејќи силна заветрина му правеше и со милоста, и со богатството, Марко веќе не мораше да оди во опинци како татко му кога беше дошол во Скопје и се вчудовидувал, како што кажуваше самиот, од Безистенот и од чаршијата, туку се облекуваше повнимателно и поубаво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа се наоѓа во најголемиот пасаж, во безистенот на покриената чаршија на овој град, која го носи името „Едлер“ пасаж, и која е полна со дуќани, продавница, кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во безистенот веќе има продажба на петлици, па и јас сум со намера да почнам трговија со нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А тој сон излезе ваков: Бајко дојде во чаршијата, и куц-куц, ајак-ајак, влезе во дуќанот на папуџијата Јосиф во безистенот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вечерта, не слушајќи ги измислиците на измеќарот за многуте бељи и штеши што се случувале преку денот, Петре имаше само една мисла: зошто и тој мора да биде ова што е, а не еден од оние среќни луѓе во безистенот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)