бирократија (ж.)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Скокам од царството на нужност во царството на слобода. Експропријација. Смрт на бирократијата, посебно од уметничка провениенција!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Времето на козите е едноставна модерна сказна каде што ступидната бирократија е најпосле поразена од навалата на белите кози кои ќе го преплават Скопје.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)