блок (м.)

Спотовите се емитуваат во блокови што соодветствуваат на рецептивната способност на слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие во мојот блок никогаш нема да овенат...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тогаш уште беа свежи реакциите од сталинистичките монтирани судења во неколку земји од источниот блок.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По посетата на Велика Британија Тито ќе продолжи да ги обновува пријателските односи со Западниот блок, а потоа ќе ги посети и балканските земји Турција и Грција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас сум благајник за нашиот блок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поштарот не почука веднаш, постоја пред големата порта засводена со четвртасти подеднакви по димензии блокови делкан песочански камен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден од поводите да го направиме овој мал тематски блок беше и овогодишната Летна школа на архитектите што се одржува во манастирот Јоаким Осоговски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги гледаше неговите огромни камени плочи и блокови, не можејќи да се начуди како се нашле од разни предели во оваа тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Отсутно потпишав, без да ги погледнам последните отпечатоци пред тие да се монтираат во оловни блокови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А ти можеш да појдеш на бањање еден блок подолу од капелата, таму им се спалните. Не можеш да промашиш.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Југославија неповратно ја губеше погодната геостратегиска позиција меѓу двата блока.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Генерации имени и безимени освојувачи ќе се утврделе небаре до вечноста, ќе ги превртеле овие киклопски камења, наредени од претходните освојувачи, ќе воспоставеле свој ред, ќе довлечкале или ќе изделкале нови камени блокови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе