Божиќ (м.)
Со дозвола на турските власти во тој манастир од Божиќ ќе биде воспоставена грчка црковна власт.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На прв ден Божиќ пред да отидеа в црква и пред да се омрсеа, секој од домаќинството добиваше по едно врапче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Насекаде се шири мирис на печива и слатки колачиња и чоколадни зезалици, додека од секое ќоше одекнуваат божиќните песнички... а ти седиш сам на аголот и мечтаеш за идниот Божиќ, во којшто нема повеќе да бидеш странец и шупак во овој магичен свет!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На Велигден или Божиќ тој ќе ме разбудеше со првите петли, и одев свечено облечена, меѓу првите во црква на причесна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Отприлика како што денес за Велигден или за Божиќ можете да го гледате Исус од Назарет по милионити пат.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
На првиот ден на ерменскиот Божиќ во неголомото живеалиште на Микелајн дојде твојот сонародник господинот Жорж Лоран и му донесе на стариот подарок, на прв поглед обично растение во син порцелански сад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И нема ни Бадник, ни Божиќ, нема коледари, нема што да раздадеш, нема што да дадеш. Никој оган не запали во гумната и на роговите од говедата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А пред Божик прасето не се рани, ами сака ошче од Гурѓевден, та за Божиќ да направи месо. И јас така.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наближува Божиќ, а јас кружам по ел-ејските продавници и барам подарок за синот на другар ми Родољуб.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Коледе, Божиќ и Василица си ги правевме секоја година, ама таа година имаше нешто посебно во подготовките: родителите нешто ќе прават, нешто во врска со новата црква и со училиштето, па ќе се соберат сите, а нам децата веќе ни имаа порачано да собереме дрва повеќе од кога и да е порано.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Па добро бре, сестро, треба ли во годината да се слушнеме само за Божиќ и Велигден?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас се спремам да одам да го посетам таму за Божиќ.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Беше пред Божиќ, а јас само едно тенко штофче купив, го сошив во два дела и ништо друго. Јадосана, почнав да плачам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)