бреца (несв.)
Иако сите брецкања Рада ги премолчуваше, тие не престануваа. Напротив, од ден во ден се засилуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)