вдаде св.

вдаде (св.)

Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кревам и столови и сѐ што ми се вдаде кревам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо не ми се вдаде друго освен да бегам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ми се вдаде ни да викнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секако овој војник е вдаден во некоја своја мисла, сосема туѓа на службената секојдневност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Една група мажи отаде купот земја беа вдадени во разговор за цената на печурките вргањ, суви по толку килото, сурови по олку, некој вели се исплаќа, некој не се исплаќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се стрчувам и јас со децата. Трчаме по нив и фрламе со камења, со стапови, со што ќе ти се вдаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, од пред очи, ни се загуби татко, не ми се вдаде ни убаво да го фатам со очите, да го испратам барем со погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вчас времето се вдаде се згусна и надојде од сокот со пролетта што нечујно татни по жилите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пукотот се слушнал в село и селаните се вдале натаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе квикне Чако и пак ќе се вдаде, ќе им се нурне со лаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие се плашат пред моќта, а сурови се кога ќе им се вдаде. Мерката на стравот, често е мерка на суровоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога рекоа да ја отворат портата, кучињата однатре се вдадоа како на лиот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со невиден ентузијазам се вдаде во херојска работа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе