венее (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
        
      
    
    
    
      „Балканска книга на умрените“
         од Мето Јовановски 
        (1992)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сакав да се потсетам и се потсетив дека редовно ѝ турав вода и ја негував. А сепак, растението венееше.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имаат ли души докторите,  кога веќе немаат термини,  за да сетат како венее и папсува  - се прашуваше лозарот од Неготино  меѓу две остри болки  во стомакот, а поначесто и среде гради.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          В бесполезно плачење зошто венеете така? Плачот остајте го еднаш!
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште  чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Минуваа денови, месеци, Мајка не престануваше да венее.
        
      
    
    
    
      „Ервехе“
         од Луан Старова 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И така, спикан зад тоа пусто тезге од расчаталени штици, меѓу грнците што се пореваа и превртените тави што стануваа капаци на цреповите за џвеќиња, Петре го доживеа тој земјотрес на јаничарскиот бес и сила, и самиот како некое цвеќе што венее брзо на студот.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Како ова срце да преболи, ова небо солза ми осветлува, а ноќта болка ми сокрива, лице ми венее зошто твоето не ме љуби.
        
      
    
    
    
      „Жонглирање со животот во слободен пад“
         од Сара Трајковска 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          БАБА АНЧА: Само гледај, синко, што побрзо да си дојдеш, да не ти венее невевчево.
        
      
    
    
    
      „Антица“
         од Ристо Крле 
        (1940)