вкочанет прид.

вкочанет (прид.)

Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеа да ме остават крвав и вкочанет но не можеа да го убијат и Него во мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш се смрзнуваме на ѕитчето и целите студени и вкочанети влегуваме внатре за да се стоплиме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Идните воденичари се собирале зад својот челник и молчеле, тој меѓутоа зачекорил со вкочанет врат и со крвава крпа околу главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред големите тркала на црвениот двокатен автобус стои дете, големо само колку нив, вкочането и жолто како зрел лимон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таа стоела таму во речиси непосредна близина на неа, вкочането гледајќи во нејзината отворена челуст и во подадениот јазик, верувајќи дека тоа е мазнен метал или глинена змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Животното имаше жолти вкочанети очи кои копнежливо се мачеа да се затворат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа вкочането гледаше во неа со вдахновена длабина и јакост, така што во главата ѝ светна помислата дека, и покрај сѐ, змијата може да е вистинска и дека е подобро да побегне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со вкочанети раце собираат суварки. Врз набиениот снег разгорени огнови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби нејзиното проширено, вкочането тело одназад не беше повеќе распознатливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога заминаа офицерот и војниците, луѓето го кренаа вкочанетото тело на сликарот и почнаа да го носат на раце како икона.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вкочанетоста се движи внатре, во самата себе, се поместува под тврда кора и живее со свој живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Денеска вкочането го чекаме учителот. Ја чекаме и казната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па пијано, час чука, час престанува, а насмевката како вкочанет израз, како поза искрена или зашто така треба, па како малечка што ги вежба ликовите пред огледало за приемен испит на факултет за драма, и таа сакаше да остави впечаток кој трае.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзиното крупно убаво тело изгледаше како само од себе да паѓа во состојба на вкочанетост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа можеше да се види и од подалеку: ќе зачекори - ќе застане, пак чекор - пак вкочанетост, сѐ така, со бавност на човек што со рамните стапалки испитува не ли е пред него жив песок или гнездо на поскок со рокче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поверував - полицаецот е наполнет со сено: стоеше вкочанет и ја слушаше расправијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе