вкочани св.

вкочани (св.)

Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но јас дека бев сам и првпат гледав мечка, се исплашив и ми се вкочани погледот во неа кое од страв кое од недоумица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Погледот потполно му се вкочануваше додека цица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Празнина. Лилавоста на предвечерјето го спушта небото, сѐ што е под него останува вкочането во некое исчекување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле: тоа беше нож кој на својот благ виножитен пат само за миг се вкочани во воздухот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се вкочануваше, стануваше дрво: неговите корења жилаво се пуштаа во млаката земја, цицаа некој опасен отров, го умртвуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговата опашка сега не мавташе весело, туку замавнуваше со големи удари, како да замавнува со сабја; розовите уши му се вкочанија над черепот и очите му светнаа. Рози направи уште еден чекор и пак застана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Староста тежи... жив си - ама нежив - си се вкочанил на едно место.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Напати нѐ брани од сонцето. Напати ни го вкочанува мразот во коските.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ноќта беше свежа и тој се вкочанил, студено му е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На самата помисла на тоа, снагата му се вкочани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вилиците на кловнот се вкочанети, неподвижни. Ретките, расклатени, и разјадени заби стиснати се еден врз друг. Од уво до уво, тие болат во коренот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се припи до вратата се вкочани од вџашеност, кога на гумното во нивниот двор, наслушна некои машки гласови: - Ноќеска ќе има бој со нож!; Кој ќе се согласи да се бори ќе добие отсуство!;
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе