втаса св.
втасан прид.

втаса (св.)

И тогаш видов еден човек што трча меѓу луѓето, сака да го втаса возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го минаа дрвото преку реката и го втасаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Премногу се издолжи оваа ноќ, втаса да забележи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ме втаса на плоштадот по кој ветрот си играше со расфрлани книвчиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Куршум со куршум да се втасува и да се погаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се втасуваат капките по стаклото ко солзи по човечки образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Двата негови чекори со три свои му ги втасувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ѝ ја втасува и ја приграбува околу нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таман во муграта излегоа од село и открачија колку да не ги втасаат дрварите нагоре и веќе забеле зората.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Всушност обидот да се насмеам на несоотвеноста на наредбата да чекам, што втаса низ ходникот заедно со ситните чекори на Росана, беше причината повторно да го почувствувам истиот оној давеж во грлото што пред малку ме сепна на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Никогаш не ти втасуваат зборови за сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти дождот само се привсилува, капка со капка се втасува и се спојува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе