гарда (ж.)

Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По вообичениот поздрав на гардата се најдов во салонот пред свечената сала во која вообичаено претседателот Бургиба ги примаше акредитивите и странските државници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека на почетокот римските преторијанци биле империјални гарди, јаничарите уште од почетокот го формираа јадрото на воената сила и вршеа силно влијание врз другите војници наложувајќи им дисциплина и цврстина што им недостигала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сигурно некој од гардистите му го има запомнето бројот на регистрацијата и за неколку минути градската полиција и сите чети на гардата ќе го бараат неговиот мерцедес.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На влезот од кафулето неколку потпоручници на гардата, дваесетгодишни деца станаа и им салутираа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Политички ги сотре очајот и апатијата, а не безбол палките на силеџиите од гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гардата постојано беше подготвена да прима нови членови и секретаријатот секоја година во мај организираше кампања за регрутација на потенцијални гардисти.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Минатата година, Александар за првпат откри дека женските членови на гардата не се до толку непријатни и глупави како што мислеше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во орманот има две гардиски униформи...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таксистот беше фер. Им рече дека со оглед на тоа дека гардата им е зад петици, ќе мора да ги слезе што е можно побрзо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Четвртата категорија им припаѓа на старата гарда, односно на геријатријата и паразитите во општеството кои со разноразни мижибутај протекции се дочепале до борилачки или лажни инвалидски пензии.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Генералот со непресметлива гордост погледнуваше кон својата гарда, со поглед кој заминуваше некаде зад небото, зад сонцето и извикнуваше: Животот е еден и единствен!
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работата со регрутирањето одеше како подмачкана, едноставно сиромашните деца беа мнозинство во земјата и немаа некој поголем избор освен да пристапат во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе