генијален (прид.)
Велиш генијалноста е скапа курва која не можеш да ја платиш.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Композицијата е генијална и е во остар контраст со мрачните претчувства што го исполнувале неговиот ум во тоа време.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Обогатен сега со најгенијалната придобивка на немскиот класичен идеализам, со дијалектиката, дијалектичкиот материјализам стана и денеска важи како единствена филозофија на напредната човечка мисла и на напредните општествени сили, додека отпадоците од филозофскиот идеализам се филозофија на општествениот распад или на крајната реакција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Умереност преточена во генијална изведба на контраверзниот интелект.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Неговите големи дела, оние кои ја откриваат неговата зрела генијалност, се појавуваат на почетокот на деветнаесеттиот век.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Развојот на оркестарот штотуку почнувал, преку генијалноста на Бетовен, а виенчаните во голема мера сѐ уште не биле свесни за неговата важност како средство за музичко изразување.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Генијален штос! Се кладам дека сте биле барем малку разочарани.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Маркс со својата генијална мисла им го покажа спасоносниот пат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Потврдите за сопствената генијалност му биле очигледни, иако не и на другите, и знаел дека е на прагот на создавање неуништливи ремек-дела.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сите авторитети се согласуваат околу генијалноста на Бетовен во импровизирањето.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Проучувањето на овие длабоки, генијални дела, под водство и пофалба на толку истакнат музичар како Хајдн, многу влијаело врз обликувањето на идеалите на Бетовен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Учењето за развитокот како за „самодвижење“ и покрај тоа што Хегел под ова го сфаќаше само „самодвижењето“ на логичките категории, е најгенијалната придобивка на класичниот идеализам, којашто и ја изведе преродбата и му даде силен полет на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Како и повеќето генијални луѓе, Бетовен не водел многу сметка за парите, и сѐ до средната возраст никогаш не размислувал да заштеди.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во историјата на човештвото, големите победи на владетелите, кои често се претставуваат како резултат на генијални стратегиски планови, често биле резултат на чудните и случајни одлуки според нивните табиети!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И создал дело хаотично, сигурно не совршено, но сепак генијално.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)