губи (несв.)

Ќе се губи главата, си мислам, со гол газ ќе нѐ најдат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа така, си мрднува со ушите и се свртува, се губи во чадот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ така: еден се губи зад ридовите, а друг веќе се крева и нѐ брка ко зајаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледот ми се губи во трагите од неговите години...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тогаш ќе се има можност да се види оти нашите интереси се така сплетени со нивните што со загубувањето на едните губат и другите, а сета полза од нашето непријателствување ја извлекуваат трети, ќе се рече, малите балкански држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Губењето на чуството за време е страшна работа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му ја стави в уста, а тој влече и гледа во високото небо кое во партали синее меѓу врвовите на буките, часкум губејќи се над густежот на гранките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да знаеш дека во мојата пракса имам евидентирано приличен број необични случувања кои по внимателните и сестрани анализи ја губеа магијата на таа необичност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Над секоја чинија се крева по една нестварна грмушка од пареа и се губи во ладниот воздух.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овчарот го скротна своето стадо кон сенките губејќи се заедно со стивнувањето на распеаните ѕвонци од овците.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прекумерната употреба предизвикува губење на телесната тежина и ја ослабува имунолошката состојба на корисникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во животот има две алтернации Она што го одбираш и она што го одбиваш Сакаш чини метонимии или алитерации Двојно губиш одошто добиваш И да се во право твоите аргументации
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Чадот од многуте оџаци се испреплетка губејќи се лесен и подвижен кон облаците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нејзиното придушено кикотење штуро одекнува и се губи над глувата згорнина од морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И играњето на окото и јадењето на носот и губењето на карти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се губи концентрацијата, кожата може да стане сува и постојано да ве чеша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе