денува несв.

денува (несв.)

Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отиде право на караколот, го најде бимбашијата што го бркаше на „Соколот" четите и му кажа дека нападнале вчера вечер кај него и утре ќе денуваат на високата чука Маргара над нивното село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на „Висока“ и беловодичани предложија тука да се денува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта наслегоа до Рожденските колиби во 'Ржаново и Толе се распореди за храна и денување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие накачија, — го „презедоа“ речениот камен и се запатија кон самата чешма „Студена“, каде што денуваа вчера четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)