десетлетие (ср.)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се наоѓаме во најсјајното десетлетие на европскиот маниризам!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Колку силно и да се одвиваше во последните десетлетија нивелирањето на светот, израмнувањето на стопанските и животните услови во различните земји под притисок на крупната индустрија, размената и финансискиот капитал, сепак останува голема разликата, и меѓу шесте споменати земји гледаме, од една страна, млади капиталистички земји кои необично брзо напредуваа (Америка, Германија, Јапонија); од друга страна – земји од стариот капиталистички развиток кои во последно време далеку побавно напредуваа од претходните (Франција и Англија); од трета, земја најзаостаната во економски поглед (Русија), во која најновиот капиталистички империјализам е исплетен, така да се рече, со особено густа мрежа на преткапиталистички односи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Времето по Њутн или Милтон, времето на владеењето на Вилием Орански во Англија, потоа оние неколку десетлетија пред француската револуција - сето тоа има директно влијание врз вашите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Комуникацијата, значи, станала примарна компонента на оваа нова уметност, што историски претставува и најдобар одговор на проблемите на меѓучовечката отуѓеност во последниве десетлетија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)