догорче ср.

догорче (ср.)

Догорчиња од цигари, згужвани мисли на подот и пластична насмевка, извиткана од пречеста употреба.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ќе седиме сѐ до последното догорче и до првите зраци темнина.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Го фрлил догорчето зад себе без да внимава каде и веќе ја чувствува топлината на пламенот што зад него пустоши, но тој не се ни свртува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те сакам татковино,таква каква што си, со сета убост и твоите маани, и сите догорчиња во срцето збрани распламтеа силно и ко да ми зборат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знаеш дека за тебе нема, ама со сите чекаш и собираш догорци од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мигови му идеше да му го го фрли големиот стаклен пепеларник полн со догорчиња, но се разбира, се воздржуваше.
„Граница“ од Луан Старова
Поништен документ.   Се враќаш таму кајшто смеата е изнасилена хуморот црн   а слободата згазена небаре догорче на споредна и слепа улица. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не ни чекаше да се изгаси догорчето, таа веднаш од истата запали друга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Очите му светат ко догорчиња, готов е да се расплаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ќе го фрлеше догорчето од цигарата, а, ако се наведнеш да го земеш, ќе ти ги подгази прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нумо си ја поднамести дрвената нога, го исплука догорчето и ја запали цигарата што беше си ја ставил зад уво.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Цигарата веќе му е испиена, догорчето фрлено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го тргна пепеларникот веќе втор пат полн со догорчиња, а чашката ја задржа на левата рака.
„Граница“ од Луан Старова
Уште од скалите го удри интернатската миризба на ходникот - лимени кофи, мокри крпи, вечерни дежурства и цвикнати догорчиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе