досади (св.)
Му досадија конвенционалните прашања и уште поконвенционални совети на познати и пријатели.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Помислила дека кокаинот можеби ќе ни досади и благодарна и утешна каква што е, ни пратила нешто хероин.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот. Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На денешниве политичари, кои мислам дека досадија и на Господ и на народот, на оние кои според Тацит имаат потреба создадената, од нив, пустина да ја наречат мир, Орвел им препорачува да бараат поткрепа во еуфемизмите, во ширењето на апсолутна маглива нејаснотија и во неопределеноста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Нестанокот на храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мацко доста време мјаукаше во непознатата куќа, и, кога им досади на домаќините, му ја отворија вратата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Навистина, лошо. Се досадував, се досадував, па слегов долу.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Или некој ѓавол на кого му досадило да прави лоши дела.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Прашајте ми ја душичкава како ми досадил тој беќарл’к... таа пуста туѓина.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Беше убеден дека некој од нас ќе се соблече гол. Набрзо сето тоа ни досади па се спакувавме и отидовме дома. 224 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За умрените се дава на живи разни предмети и продукти да им се најде на тој век сереј — волната кога ќе се попари пушта жолта течност која се зика „сереј“ симсиле — род, потекло синдилија — кременисување од високо, паѓање, несреќен случај синдрак — синко (аугментатив од син) синија — софра, трпеза сињелко — господ кој се наоѓа на синото небо скипне — догорува оганот, скипнува сонцето, животот на човек кога умира скисна — ми се досади скопец — женски накит од сребро или бакар подресен со пари или трепки скорнам — разбудувам, дигам некого од место скубам — пасам трева слеа се — се стопи како восокот што се топи слог — нива слог сповојница — веселба по повод на новородено дете српјановец — рид над селото Витолишта сртам — висам, се врткам околу тебе срчка — види срдешница срџба — лутина ставам — се сретнав со тебе се ставив со некого, 2) Станувам од место старавински — од село Старавина стегната рака — скржав, стипца, циција стигна — роди, се породи жена стопанот — мажот, сопругот страк — парче борина странам (дрва) — редам дрва или друго нешто за товарење на добиток стрелушам — се потплашувам струнено — тканина или плетена врвца од козина суварија — турски жандар, коњаник сугарен —доцна, поназад.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)