драгоцен прид.

драгоцен (прид.)

Во неговата библиотека можеа да се најдат драгоцени книги и ракописи на кои можеа да му позавидат државни библиотеки и архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По извесно колебање, гемиџиите решиле од своите драгоцени резерви да му ги испратат бараните пари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаме и своја скривница во која го чуваме оружјето и освоените драгоцености.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од неа мошне брзо ги научи турскиот јазик и тајните на градинарството кои, подоцна, во животот на семејството, ќе бидат од драгоцено значење за неговото опстојување во годините на големата немаштија во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Овој драгоцен камен морам да го имам и не смеам да го загубам по никоја цена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Успеваше да извлече, од верувањата, од себе, чудесна внатрешна светлина која ни беше толку драгоцена во темнината на егзилот, во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа се придвижи преку низата од фигури, како човек што разгледува драгоцена серија од статуи, собрана од некоја античка урнатина на брегот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во 1802 година доживеал голем пожар кој ги уништил манастирските конаци, манастирската библиотека со драгоцени книги, просториите за препишувачка и печатарска дејност.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше драгоцениот Куран, во ракопис.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, поради шеќерната болест што почнуваше да го нагризува, повеќе се задоволи да ја гледа баклавата и само да ги лизне позлатените слатки кори од своето парче, додека го слушаше Камилски, веднаш помисли на улогата на овој драгоцен десерт кој постоеше во целиот тек од постоењето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаме историска шанса да добиеме за изградба стопански гиганти, особено во доменот на експлоатацијата на рудното богатство и драгоцените минерали.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во овој драгоцен труд се паралелно бележени турцизмите и во другите балкански јазици покрај ароманскиот и во новогрчкиот, српскохрватскиот, албанскиот, македонскиот и во бугарскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го држеше надежта дека може, кога мине пред Боцевата берберница, да ѝ испадне случајно нешто од чантата или од џепчето и тогаш тој сосем лесно и незабележано од никого ќе се здобие со една драгоценост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, за Чанга секоја книга од татковата библиотека како и од книгите за козите што ги наоѓаше од некои свои извори, претставуваше драгоцен камен на големата тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во нивните погледи забележав тивка тага, некаква меланхолија поради минливоста, во која ненадејно заминував забрзано, неочекувано се губев, испуштав драгоцен дел од неповратното семејно време овде и отаде морето, на другите брегови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе