драска несв.
драсканица ж.

драска (несв.)

Се попрпелкав така и зедов да се јазам, да се драскам нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За право повеќе ме драскаше, оти дланките му беа испукани, како кора од сув даб, ама тогаш му стануваа меки. Најмеките раце на светот стануваа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои офицери ќе се опијанат и ќе одат по селата со војниците, ќе крадат, ќе земаат и ќе напаствуваат жени. Жените ќе се драскаат со војниците, ќе припискуваат. 139
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајко, вика таа и мајка ѝ се повраќа, им се фрла на карабинерите, ги драска по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полицајците нѐ туркаат, а ние се драскаме, крв ни останува под ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врескаме и се драскаме, се фаќаме за очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се драскам на трње и на камења, ама не велам ни оф, ни леле. Стратегија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А името на ветерот беше, најочекувано – женски! - речиси секоја година, некаде околу средината на мај, навечер ми се појавува уртикарија по нозете и по рацете, страшно ме чеша и ме присилува, барем три пати, да се будам преку ноќ и да се драскам како луд, долго не успевајќи да заспијам, со нервозна топлина внатре, во телото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Си иди мама, си иди лебот, викаат и ми се фрлаа в нозе, ко кучиња ми се фрлаат, ме драскаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се испењаме така, молченката, се поттурнуваме со врвот од прстите, се зачекуваме со лактите, се драскаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она што го имав надраскано на мојот лист од блокот, го драскав и на листовите на оние кои го бараа тоа од мене.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И се драскам надолу низ шумата. Го кинам газот и колената, се тркалам ко откорнат трад. 64
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Удирам на шипје, се драскам на капини, на трње, на боцливи телови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои, завали, се отимаат, се бранат, се драскаат и изненадено гледаат во луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)