експонент м.

експонент (м.)

Претставата завршува со силување на експонентот на државната културна политика од страна на перформерите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, Ворхол им припаѓа на оние изразити експоненти на авторство чии следбеници секогаш ги демне опасноста од плагијат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со совршена пристојност овде е утврден концептот дека двајца големи луѓе стојат исправени пред светот, Наполеон и Бетовен, и дека вториот е голем во својата област исто како што бил и Наполеон во својата, и секој од нив е експонент на нов поредок на нештата, еднакво успешен во постигнувањето големи дела.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)